АктуелноОхрид

(ФОТО) Положено свежо цвеќе на спомен обележјата во паркот на револуцијата

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денеска положивме свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.

Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомен – обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, напиша во својата објава на ФБ градоначалнокот Кирил Пецаков.