АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Вози на магистралниот пат Струга – Ќафасан и го фали Груби: Нема веќе дупки, фала на бога работата ја среди Артан Груби

Жителите на седум струшки села, кои гравитираат на потегот кон граничниот премин Ќафасан, во 2011 год  со блокада на магистралниот пат Струга – Ќафасан искажаа револт за лошата состојба на коловозот и неисполнетите ветувања за негова реконструкција.

Тие тврдеа дека секоја година добиваат ветување за реконструкција на овој патен правец, но добивале само лошо санирање на дупките, кои се небезбедни за сообраќај. Монди Каљоши зборувајќи за лошата состојба на магистралата кажа дека ги дупнал двете гуми удирајќи во дупка.

– Патот е многу небезбеден. Паднав во дупка двете гуми ги дупнав, погоре кај гробиштаа во Радилошта ја удрив колата во дупка, кој ќе ја плати штетата, изјави Каљоши на протестот во 2011 год.

Но, денеска е објавено друго видео. Тој возејќи се по истиот пат вели благодарение на Артан Груби магистралата е конечно убаво асфалтирана.

По ова видео се огласи и Груби. На својот ФБ профил тој напиша:

-За Фер Плеј дефинитивно морав да го постирам Дисот на Монди Калоши, дечкото со симпатичниот Македонец од виралното видео од протестите на патиштата, на мојот пост за патот Струга – Ќафасан, напиша на својот ФБ профил Артан Груби.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)