Наш ИзборНаш изборОхрид

Утре и сабота јужен ветар со брзина од 70км/час и невообичаено топли денови, најавува Попоски

Ни доаѓаат невообичаено топли денови за овој период од годината, во следните денови очекуваме температури дури до летни 28 степени! Станува збор за силно јужно и југозападно воздушно струење и истото ќе ни донесе Сахарска прашина и песок, особено од утре и за викендот. Утре и во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). Пред нас се значително потопли денови, но повремено ќе има услови за локален краткотраен дожд (ништо значително). Невреме за викендот ќе го зафати регионот, но не и Македонија. Целиот Балкански Полуостров во следниот период ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса и силно јужно и југозападно струење, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.