„Бројките ни даваат право да сме горди на сработеното и постигнатото и на нашите туристички работници. Туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година – и тоа раст од 28% споредбено со истиот период минатата година“, напиша на својот ФБ Ѓорги Љатко.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Ова е дел од излагањето на вицепремиерот Бојан Маричиќ на трибина во Охрид. Не знам што сработила владата и на што се горди за сработеното за туризмот во Охрид,
Пристапот кон Охрид како единствено туристичко место од двата правци (Кичево и Ресен) е за срамота.
Автопатот кон Кичево уште се гради и кој знае кога ќе се заврши. Постојниот пат за Кичево е оштетен, на секој чекор дупки и тешко тие кои оваа зима ќе патуваат по тој пат.Патот кон Ресен е оштетен и е опасен за возење.
На почетокот на сезоната владата го затвори пристапот (каков таков ) од Кичево и сообраќајот го насочи по стариот тесен пат за Струга. Под притисок на јавноста го отворија по дваесеттина дена.
Деновиве бев во источна Македонија. Да ти е мерак да возиш од Велес кон Штип по три ленти, кон Пробиштип, имаат автопат за Скопје.
Стружани си го средија пристапот од Подмолје со асфалтирање на патот пред сезоната.
Добро би било кога доаѓаат министрите во Охрид, да тркнат и до другата страна на езерото да видат какви патишта има направено Албанија околу езерото , како е изграден Подградец, како таму се вложува во туризмот.
извор: ФБ Ѓорги Љатко