АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Одбележани 27 години од осветувањето на храмот Св.Спас во Вевчани и 26 години од ракополагањето во свештенички чин на отец Ристе Наумоски

Денес, во Вевчани се слави. Се слави 27 години, од осветувањето на храмот Св.Спас-долни, од страна на Митрополитот Дебарско-Кичевски Г.Г. ТИМОТЕЈ, во сослужение на импозантен број на сослужители. Исто така и отец Ристе Наумоски слави 26 години од ракополагање во свештенички чин.
Храм, подигнат од верните чеда на Вевчани, предводени од тогашниот парохиски свештеник, а денес пензиониран-протоереј Зоран Попоски. Храмот го изградија мајсторите на ЕМО-Охрид, под раководство на Анастас Кочоски. Иконостасот го изработи копаничарот Сокол Шутиноски-вевчанец.
Иконите ги изработи уметникот Драган Ристески од Охрид, а кои се поклонети од самите верници на Вевчани, а живописот го изработија, дел Драган Ристески, а дел Красимир Асенов, исто така поклон од верниците на Вевчани. Нека ни е честит споменот од осветувањето. Амин.
-информираат од Храмот Св.Никола Вевчани.