По повод Детската недела, 5 Октомври – денот на учителот и престојниот празник 11 Октомври, во нашето училиште на 10.10.2023 година се одржа свечена приредба. На приредбата ѝ претходеше уредување пригодна изложба со цртежи од нашите ученици на трите теми, а исто така и читање и предавање за правата на детето на состанокот на Детската организација, на кој присутните освен предавањето, беа запознати со припреми и подготовки за престојната приредба.
На 10 Октомври се одржа свечена приредба. На неа настапија учениците од нашето училиште со песнички, стихотворби, ритмички точки, рецитали на тема ,,учителка‘‘, ,,детство‘‘ и ,, 11 Октомври‘‘. На крај на приредбата првачињата ја дадоа својата заклетва со што станаа членови на Детската организација. Како прилог ви праќаме и фотографии од нашата приредба, информираат од училиштето.