Наш изборНаш ИзборОхрид

Два дена боево гаѓање со огнено оружје од редовниот состав на полициската станица Охрид

Полициски службеници припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, утре – среда (04.10.2023) и задутре – четврток (05.10.2023), со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје. Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар”, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
Апелираме до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.