АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ЖИВО) Мицкоски: Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе дава по 8 милиони евра годишни за инвестиции во Охрид

Под слоганот „Важно е! Од тебе зависат промените“ ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид ја започна својата кампања, која ја најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од партијата, кампањата ќе се реализира следните два месеци и ќе биде во два дела. Во првиот дел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има теренски посети низ општините, додека во вториот дел е предвидено да се одржат дебати на различни теми во различни општини на кои ќе бидат опфатени актуелните случувања кои ги мачат граѓаните. Мицкоски ќе оствари голем број средби со целни групи, но и со граѓани, а како што информираа првата теренска посета ќе биде токму во Охрид.