АктуелноОхрид

Кривична пријава за стрyжанка која ги терала децата да питачат во Дебар

Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против стружанка која ги поттикнувала децата на питачење во Дебар.

-Кривична пријава е поднесена против 37 годишна жена од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Таа, ја запоставила својата родителска должност за грижа на двете малолетни ќерки и свесно ги поттикнувала да вршат питачење со цел стекнување противправна имотна корист, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешн работи-Охрид.

Појавата на питачење, не само на малолетни деца, туку на возрасни по улиците во градот, е појава во која најчесто се лица од ромска националност од Велес, Прилеп и Гостивар.

Освен на улица тие одат по домови, но и во угостителски објекти барајќи пари. По бројност најмногу ги има во летниот период кога во родниот крај се печалбарите, како и во саботите кога во Дебар е пазарен ден.