петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ВИДЕО) И покрај невремето, екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 10 часа макотрпно работат на санација на големиот дефект под Самоиловата тврдина

И покрај тешките услови за работа предизвикани од големото невреме проследено со обилни врнежи и грмотевици и самата конфигурација на теренот ( цевката е под самата тврдина), екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид повеќе од 10 часа макотрпно работат на санација на големиот дефект кој попладнево настана под самоиловата тврдина.
Екипите ќе работат и во текот на ноќта, но доколку се влошат условите за работа односно е загрозена безбедноста на работниците, интервенцијата ќе продолжи во раните утрински часови.

извор: ЈП Водовод