Наш ИзборНаш изборОхрид

Соопштение по повод Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден

Во чест на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во свештената Раичка обител на светиот великомаченик Георгиј Победоносец на 26 септември 2023 г. (вторник),

 Ќе се отслужи свечена и празнична вечерна богослужба, со почеток во 18:00 часот. На крајот од вечерната богослужба, проследен од стиховите на празничниот тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното Дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот.

 Следниот ден, среда во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба. На крајот од утрената од светиот Престол, од олтарот, ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се вметнува крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир. По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците ќе им се даде можност и да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на нашиот Господ Исус Христос.

 Во 8:45 часот – пречек на Неговото Високопреосвештенство Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил и на Неговото Преосвештенство Епископ Дремвицки г. Давид

 Во 9:00 часот – Света архиерејска Златоустова Литургија

Дојдете сите заедно победнички да го издигнеме Чесниот Крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, нашето оружје и нашата надеж за спасение, и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови Тајни.

 

 

Бигорски манастир