Охрид

ОО СДСМ со реакција на соопштението на О.К. ВМРО – ДПМНЕ Охрид

До кога деструктивноста на ДПМНЕ ќе се истакнува во преден план и на сметка на оние кои најмалку заслужуваат? Навистина во политиката не се бираат средства и начини, но апелираме во се’ да
има издржаност и изложување на реалната фактичка состојба.
За угостителското училиште, чиј прав назив е Регионален центар за стручно образование и обука
и патем е едно од трите регионални центри во Македонија, може да зборувате од чисти политички
пориви, ама не е и од реалност.
После неколку децении ова училиште се
реконструира од темел и опслужува ученици кои секоја година се се’ побројни. За разлика од вас кога при доделување на наградите за 24 Мај умешно, но и без срам ” ги заобиколивте”
учениците на ова училиште, раководството и
менаџментот го оплеменуваат просторот еднакво за сите со околу милион и осумстотини илјади денари средства од МОН.
Наместо да делувате конструктивно, вие одите до таа мера што без грам совест зборувате за доцнење
на градежни активности, кои не зависат од
раководството, туку од самиот изведувач.
Но, ако веќе зборуваме за градежни изведби, ајде да позборуваме малку и за гимназија! Три месеци раскопан двор… никако да се среди никако. На повидок не видовме никаков напредок во работите. Училишта во кои поткопнувате по нешто за


уметнички дојам, а наследивте училишта во кои се работеше на реновирање нешто што не беше ни чепнато изминатите години. А имате финансии од МОН.
Во однос на наводите и недоличните зборови за Пратеничката и Претседателка на собраниската комисија за образование и наука, Жаклина Лазаревска, ајде да разграничиме за каква погубна политика зборувате:
– дали под влог на уништување и погубна политика подразбирате зголемување на платата на
просветните работници за 55% изминативе 6
години, од кои само последната година 33 % плус К – 15? Нешто што вие во 11 години власт ни 1% не го
направивте, туку дополнително воведовте екстерно
тестирање за да кратите од платата на
наставниците.
– дали под влог на уништување и погубна политика подразбирате финансирање во енергетско
ефикасна фасада и нова дограма во основното училиште „Св. Наум Охридски” во с. Пештани или започнувањето и реконструкција на студентскиот дом „Никола Карев” за кој се издвоени 2 милиони
евра.
Впрочем, во охридските основни и средни училишта државата преку МОН во овие 7 години вложила повеќе од 5 милиони евра .
– дали под погубна политика подразбирате на ниво на цела држава повеќе од 250 фирми да имаат склучено меморандуми за соработка и поддршка на стручните училишта. Во Охрид учениците од
дуалните паралелки од сите три средни стручни училишта аплицираат за стипендија во вредност од 3500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во
годината.
– дали под погубна политика на СДСМ подразбирате вработување на 800 образовни асистенти во
основните училишта во целата држава, од кои 10 се вработени во училиштата во Охрид.
Соочете се со фактите и соработувајте за доброто на децата. Доста е од лаги, спинувања и
манипулации. Доста е веќе.

 

ОО СДСМ Охрид