Чинарите кај црквата Света Богородица Захумска веќе се со жолти лисја и полека ја најавуваат есента додека на плажата пред црквата има пловила кои и во септември носат туристи на оваа плажа.
Впрочем и најавата на метеоролозите е за продолжено спетемвриско лето. Следува период на стабилно, суво и сончево време со летни максимални дневни температури на воздухот, што значи дека септемвриското лето и понатаму продолжува.
Максималните дневни температури на воздухот пак во следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.