среда, ноември 20, 2024
UncategorizedАктуелноМакедонијаНаш ИзборНаш изборОхрид

Патлиџан тежок 1 кг и 200 грама израстен во бавчата на Кирил Јосифоски

Патлиџан од 1 кг и 200 грама е израстен во бавчата на Кирил Јосифоски во село Злести, Дебарца, како што тој вели Караорманска света земја , македонска.

Јосифоски вели дека има уште вакви патлиџани кои веројатно ќе го надминат и овој во големина.

„ Јако е гноерно. Со јак гној, и уба земја во Злести. Ова во Охрид не можи да порасти, само во Злести“ – вели Јосифоски.

Кирил Јосифоскисо години е познат на охридската јавност. Во 2005 година бараше да се дозволи одгледување на полжавите од сортата „Хелис Асперса“, и тогаш влезе во „војна“ со тогашниот минситер за земјоделство Зоран Шапуриќ.