среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

Левица: Споменикот на Св. Кирил и Методиј фрлен пред хотелот Гранит – Дали е одоброволување и удоволување на Бугарската страна во историскиот спор?

Св. Кирил и Методиј, најзаслужните за описменувањето не само на Македонците, туку и на севкупниот словенски свет, нивните скулптури се оставени да гнијат во тревата, покрај паркингот на хотелот „Гранит“ Во Охрид, градот на УНЕСКО, занемарени од институциите веќе подолго време. Според сознанијата, тие се во сопственост на градежното друштво „Гранит“, се вели во соопштението од Левица.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

‼️ Дали можеби ова е намерно, поради тоа што доскорешниот сопственик на ова друштво, Сашо Милковски е долгогодишен член на СДС, која последниве седум години макотрпно работи на предавање на сето достоинство, наследство и историја на Македонија поради надворешните апетити на „добрите соседи“, тоа не можеме да го знаеме со сигурност, но, секако сомнежот постои. Сега со него раководи неговиот син, Зоран Милковски, но, особено во Македонија, важи старата изрека – „крушата под круша паѓа“.
❓️ Дали е одоброволување и удоволување на Бугарската страна во историскиот спор? И тоа е многу веројатно, судејќи според чекорите на оваа власт, која целокупната македонска историја ја стави на продажба за фиктивниот влез во ЕУ. Дали рушењето и запуштањето на историјата и историските споменици се начинот на заштита на македонскиот идентитет и тоа во услови кога соседските шовинистички политики се пуштени на најсилно? И кога токму Св. Кирил и Методиј се историските ликови околу кои се кршат копјата во историската комисија?
⛔️ Кога станува збор за СДС/ДУИ, сето ова не само што е можно, туку е и многу веројатнно, затоа што од досегашнаното нивно владеење утврдивме дека распродавањето на сопствените национални интереси е нивниот модус операнди.

извор: Левица