сабота, ноември 16, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Утре неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот

Поради приклучување на новата водоводна линија од гимназијата Св.„Климент Охридски“ во градската водоводна мрежа , на ден 31.08.2023 (Четврток), од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од централното подрачје и стариот дел на градот.
Прекинот во водоснабдувањето ќе биде на следните улици:
– „Димитар Влахов“
– „Партизанска“
– „Славеј Планина“
– Дел од Бул.Туристичка (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа Макпетрол)
– Дел од „Јане Сандански“ ( на потегот од гимназијата до кејот)
– „Кеј Македонија“
– „Цар Самоил“
– „Самоилова“
– „Коста Абраш“
– „Климентска“
– „Св.Климент Охридски“
– „Аргир Маринчев“
– „11ти Октомври“
– „Боро Шаин“
– „Бранко Шотра“
– “Димче Маленко“
– Дел од „Илинденска“.