Охрид

Формирана комисија за бранителите по барање на Левица

По иницијатива на Левица Охрид и јавно упатените барања до градоначалникот на Општина Охрид – Кирил Пецаков, што поскоро да биде формирана комисија за утврдување на бројот на бранителите во Општина Охрид – на 22 август,  Општина Охрид донесе решение за формирање на комисијата.
Потсетуваме, на 28 април,  советникот на Левица – Виолета Аврамовска, до Советот на Општина Охрид поднесе ИНИЦИЈАТИВА со која се бара:
– Ослободување од плаќање надомест на посета на јавни установи, детски градинки на територијата на Општина Охрид;
– Ослободување од месечен надомест за топол оброк ( целодневна настава и престој) во општинските основни училишта на територија на Општина Охрид;
– Ослободување од плаќање надомест за ужина и екскурзии во општинските училишта на територија на Општина Охрид;
– Ослободување од сите видови давачки кон Општина Охрид ( за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Охрид).
Со оваа иницијатива на #Левица, се овозможува да се исправи неправдата која 20 години им ја нанесува државата на оние кои нежалејќи, застанаа во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Со почит,
Левица ЛО Охрид