АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив. Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки.

 

При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете. Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице.

 

Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот. Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.

 

 

 

denovi.mk