АктуелноНаш изборНаш ИзборОхридРепублика

Автобуси на „Галеб“ и „Вакчаре“ упатени на вонредни технички прегледи

Автобуси на транспортните компании „Галеб“ и „Вакчаре“, во кои имало и туристи кои патувале кон Охрид и Струга, од страна на полицијата утрово пред 7 часот биле упатени на вонредни технички прегледи во Гостивар, јавуваат до Ohrid1.com патници од автобусите.

Тие велат дека полицијата двата автобуси ги застана на излезот од Гостивар по што ги упатилана вонреден технички преглед во станицата за технички преглед во Гостивар.

„ Доаѓаме од Белград. Секоја година доаѓаме во Охрид на крајот од летото и се радувавме на секое кратење на патот. Џабе Вучиќ потроши милиони за да ја пробие Грденичка Клисура со тунели, кога овде повторно нешто ќе се случи, ќе се измисли, или бесконечно ќе се прави, и повторно патувањето до Охрид нема да се скрати туку ќе се продолжи.“ – пишува до нас патничката Сандра од Белград и додава:

„Наместо сега да сум во апартманот во Охрид и да го гледам натпреварот во кошарка помеѓу Србија и Судан, јас седам во Гостивар, и тоа не во Гостивар туку некаде околу, во станица за технички преглед на возила “ – ни пишува туристката од Србија и се осврнува на позитивната страна на животот:

“ Со  „Галеб“ патуваме цел живот за Охрид, повеќе од 30 години со нив се возам, сме доживеале секакви прилики, од поплави, невремиња и тоа е дел од спомените во мојот живот. Буквално сум приврзана кон патување од Белград за Охрид со Галеб и за спомените кои ме врзуваат. Така си го чувствувам, некако ни е при срце.“ – пишува Сандра.

Патниците од Македонија велат дека кога стигнале на станицата за технички преглед имало уште еден автобус од „Галеб“ кој исто така бил упатен на вонреден технички преглед.

Дел од патниците коментираа дека ова е намерно, за авто превозниците да платат казни и да го полнат буџетот на државата, а граѓаните да се малтретираат.

По ова помеѓу патниците се проширило видео снимено и објавено од граѓанин вчера, на автобуската станица во Охрид, на кое се гледа како повеќе луѓе туркаат автобус на местото за паркриање. На видеото ( кое на ФБ е постирано вчера ) не е наведено кога е снимено .

 

https://www.youtube.com/watch?v=D86u5JbfI6k