АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Започна Охридскиот хорски фестивал 2023

Синоќа со пригодна свеченост започна Охридскиот хорски фестивал 2023. Поздравен говор во име на Општина Охрид, оддржа советничката Ана Крстеска, која воедно го прогласи и за отворен фестивалот.

На овогодинешното издание учество земаат 17 хора од повеќе земји. Охридскиот хорски фестивал 2023 ќе трае четири дена од 24 до 27ми август, а настапите со  натпреварувачки карактер како и концертите на духовна , поп и фолк музика ќе се одржуваат во  хотелот Инекс – Горица и во католичката црква „ Св. Кирил и Методиј“. Влезот за фестивалските ноќи е слободен.