АктуелноОхрид

(ФОТО) Судот во Струга ја отфрли тужбата против дивата струшка депонија заради тоа што судот не бил надлежен

Би сакале да ве известиме дека судот во Струга донесе одлука со која ја отфрли тужбата против дивата струшка депонија заради тоа што судот не бил надлежен да решава по однос на депонијата, односно поради немање на стварна (судска) надлежност.
Ваква одлука судот ја донесе по одржани 7-седум рочишта каде беше изведен и доказ со увид на лице место иако обврска на судот е прашањето за уреденост на тужбата да ги цени во фаза на претходно испитување на тужбата, валат од Адвокатската канцеларија Стојкоски&Ќатоски.

Во продолжение на објавата на ФБ се додава:

Како адвокатски тим ваквото сценарио е предвидено од наша страна, па така оваа одлука на некој начин е очекувана.
Непобитен научен и правен факт е дека депонија како дивата струшка депонија не треба да постои никаде на територија на Р. Македонија, а уште помалку во заштитено подрачје на УНЕСКО.
Поради тоа соочени со бројни препреки и обесхрабрувања ја продолжуваме оваа наша борба до целосно исцрпување на сите домашно- правни лекови, а потоа и со апликација до Европскиот суд за човекови права.

извор: ФБ Адвокатска канцеларија Стојкоски&Ќатоски.