АктуелноОхрид

МВР СООПШТИ : Во Охрид измерена поголема бучавост од дозволената !

На 16.08.2023 во 22.57 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика. Од извршената контрола и мерење со фонометар за мерење бучавост, констатирана е јачина на бучава од 39,3 децибели, што е над дозволената вредност од 35 децибели. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: СВР Охрид