АктуелноОхрид

Вевчанец со воздушна пушка пукал во кучињата на соседот

На 16.08.2023 во 20.30 часот во Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта лишија од слобода 67  годишен жител од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот со воздушна пушка пукал кон кучиња домашни миленици, сопственост на негов сосед кои на улица биле во придружба на сопственикот. Пушката е одземена, а по целосно документирање на настанот, против Вевчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид