Денеска Вевчанските улици се полни млади уметници од Битола, членови на Детското ликовно студио ,,Св.Кирил и Методиј”.
Повелете денес во 19,00 часот во рамки на програмата на ФНК ,,Пображење” 2023 да ги погледниме нивните дела во дворот на МКЦ – Вевчани. Денешното нивно гостување е во рамките на проектот:
,,Народната култура во Вевчани како инспирација на младите уметници” и е под покровителство на секторот за Интердисциплинарни дејности при Министерството за култура на Македонија.