АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Граната пронајдена во двор од куќа во струшко Вишни

На 14.08.2023 во 17.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната.

 

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри.

 

По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.