петок, ноември 15, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) „Жал за Ефтина“ – нова песна на охридски и скопски рапери

Нова песна “Жал за Ефтина” соработка на охридски и скопски рапери
Охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал како и јутуберот Вик Какаротски снимија нова песна заедно со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика од Скопје.


Насловот на песната е “Жал за ефтина” и е инспирирана од поема на Роксан Казанова, а самата тематиката е остра осуда на жените кои за материјална корист(КАМЕЊАРКИ/ГОЛДДИГЕРКИ) се спремни да си ја продадат душата и телото.

 

Песната се снимаше во МВП студиото во Охрид,
музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски – Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е на сите споменати рапери.

За песната се снимаше и видео спот кој наскоро ќе биде промовиран.
Инаку на 13-ти Август во клубот РОКЕНРОЛА кој се наоѓа во амамот во Охрид концертен настап ќе имаат Пука Козметика, а музичка поддршка од Охрид ќе им бидат Бед Контракт и Багзи. Очекуваме да ја слушнеме песната и да го видиме видео спотот и посакуваме уште вакви соработки.

 

https://www.youtube.com/watch?v=eDLwF-rOq2A