сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Подметнати пожари во депонијата Буково, Ј.П.„Охридски Комуналец” депонијата ја третираше со алги со цел задушување на пожарот

Известување за превземените мерки за гаснење на пожарот на депонија Буково:

????На ден 29.07.2023 год.(сабота) во попладневните часови од страна на непознато лице е подметнат пожар на депонија Буково; Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен и ги превзедоа сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот и нормализирање на состојбата во соработка со екипите на ППЕ од Охрид и Ресен ;Истиот ден пожарот беше стабилизиран и изолиран

На ден 31.07.2023 год. исто така беше подметнат друг пожар на сосема друга страна од депонијата Буково; И за двата случаи беше поднесена пријава до СВР-Охрид од наша страна за подметнат пожар од непознат сторител

????Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” повторно излегоа на терен и депонијата е под секојдневен мониторинг; Депонијата беше третирана со алги со цел задушување на пожарот; Изминативе денови со специјална механизација делот од депонијата кој e зафатен со пожар се покрива со големи количини земја, се вели во објавата на ФБ од ЈП Охридски Коминалец.

извор: ЈП Охридски комуналец