сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

28-ми Јули – светски ден за Борба Против Хепатитисот, мобилна единица, која ќе обезбедува тестирање ќе има и во Охрид

28-ми Јули се одбележува како Светски ден за борба против хепатитисот, Министерството за здравство во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола и Ретко е да си редок здржение за ретки болести Охрид, Универзитетските Клиники за Гастроентерохепатологија, Инфективни заболувањ, Дигестивна Хирургија, Онкологија, интервентна радиологија ви ги претставува најзначајните напредоци и активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.

Пред се, сакаме да ви информираме за нашата кампања што ќе се одржи во повеќе градови во нашата земја по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот за подигнување на свесноста на населението.

Со почеток во 18-20ч часот на 30.07.2023 го закажуваме нашето присуство со ваше одобрение на гратскиот плоштад во Струга во Близина на Мостот на поезијата.

На оваа кампања, ќе ги претставиме резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот B и C, како и црнодробниот карцином.

Додатно, сме горди да ви најавиме дека го отвораме првиот црнодробен центар во нашата земја. Центарот е опремен со најсовремена дијагностика и современа терапија, што ќе ни овозможи да ги зголемиме шансите за излекување и подобрување на квалитетот на живот на пациентите.

Амбулантно возило од Урегентионот центар опремено со најсвремнеи тестови за тестирање на хепатитис Б, Ц и ХИВ како и најсовремен еластограф кој ќе се изведува бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб.

Еден од најголемите предизвици во борбата против хепатитисот е превенцијата и раното откривање. Затоа, со голема посветеност, ќе ја претставиме нашата мобилна единица, која ќе обезбедува тестирање за хепатитис Б и C, како и ХИВ и еластографија неинвазивна дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на (Лузни) оштетувања на црниот дроб или фиброза предизвикани од најразлични заболувања на црниот дроб во осум градови во нашата земја: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип. Оваа иницијатива ни овозможува да стигнеме до поголем број на луѓе и да го препознаеме заболувањето во рана фаза, што е од суштинска важност за успешното лекување.

Нашата борба против хепатитисот не се ограничува само на овој ден, туку трае цела година. Ние сме решени да продолжиме да ја подигнуваме свеста кај луѓето за заболувањата на црниот дроб и начините за превенција и лекување. Министерството за здравство, Хепар Центар Битола, клиниките и другите здравствени институции, работиме за подобрување на здравствената нега и услугите за сите граѓани.

Благодариме на сите што ќе учествуваат и ја помогнат нашата кампања и ќе бидат дел од активностите поврзани со Светскиот ден за борба против хепатитисот.

извор: “Хепар Центар Битола”