Нерамен терен и лоша состојба на тревата на Арената „Тодор Проески“. Нашите репрезентативци одамна се жалат, но очигледно никој не ги слуша. И Бугарски новинари во Скопје кои известуваат околу натпреварот Шкупи – Левские се исмеваат со нас за ложите услови на кои ќе се игра натпреварот.
Но, за разлика од тревата на Арената „Тодор Проески“, Охрид може да се пофали со извонредни спортски терени. Пофалби за терените на Спортскиот центар „Билјанини извори“, добивме и од делегатите од УЕФА. Секако за терените да бидат според стандардите заслужно е раководството на ЈП „Билјанини извори“, кои прават се тие редовно да се одржуваат.
Погледнете како изгледаат терените во Охрид.
фото: Охрид 1