Странски туристички водичи ја извртуваат историјата на Македонија, зависно од каде доаѓаат со туристичките групи, предупредуваат од македонската асоцијација на туристички водичи. Бугарија, Грција, Турција – на земјите од регионот Македонија во последниве години им е се повеќе атрактивна за туризам, но никој не контролира кој и како ја раскажува историјата бидејќи не се почитува Законот за туристичка дејност, предупредуваат од Асоцијацијата. Странските агенци ги заобиколуваат локалните македонските туристички водичи, иако тоа им е законска обврска, обвинува потпретседателот на македонската асоцијација за туристички водичи. Апелира, државниот пазарен инспекторат да преземе мерки, објави Алфа.мк.
Охрид, најатрактивната македонска дестинација за странски туристи во екот на сезната е преплавен со туристи и водичи од странство. Садиковиќ вели дека се случува водичи од Макеоднија да се очевидци на тури каде нивните колеги од странство во зависност од која земја доаѓаат така ги раскажуваат историските факти. И не само во Охрид. Според искуствата на водичите, тоа се случува и во главниот град, а особено во музеите и покрај статуите кои сведочат за историјата на Макеоднија.