петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Петар Маркоски вечерва го имаше прво ТВ гостување во Будимпешта

Нашиот Петар Маркоски вечерва го имаше прво ТВ гостување во Будимпешта.

– Ова е мое неверојатно искуство и неверојатни домаќини, истакна Маркоски по настапот.

Петар е шармантен, талентиран со неодолива насмевка. Од гондола во Венеција до катамаран во Охрид, тој изведува светски музички дела секогаш и секаде, а неговите видеа се хит на Инстаграм.Петар Маркоски е дечко од Охрид, вљубеник во музиката, кој со себе секогаш и секаде ја носи својата виолина. Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и неговите видеа се хит на Инстаграм.

Петар Маркоски познат како детето со виолината. За прв пат со виолината се среќава на 7 годишна воздраст кога го запишале во основното музичко училиште „Методи Патче“, Охрид, на инструмент – виолина. Во текот на школувањето Петар се здобива со 5 награди на државно ниво во категорија соло, дует и трио виолина.

Детето со виолина – порасна, се школуваше, се вработи, но, виолината не ја остави. Маркоски е Охриѓанецот кој остана забележан како детето од хорот во гимназија, но и по својата група и М2 „Потрага по ѕвезда“ кога достојно го издигна Охрид, и покажа дека имаме таленти кои се носат рамо до рамо со светските ѕвезди. Маркоски ги сака домашните и странски евергрини. На својот YOU TUBE канал истите ги изведува при тоа за секоја нумера презентирајќи ново катче специфично за Охрид.

 

Интервјуто со Петар Маркоски за Охрид 1, читајте го на овој линк …