Вчера во Трпејца презентација за тврдината Осој која потекнува од VI век н.е. оддржа Петар Симоноски. По презентацијата следуваше и рецитал на песни од актерката Марија Кондовска, а за музичкиот дел задолжен беше младиот гитарист Мухамед Асан.
-Голема благодарност за насоките, фотографиите и помошта до професорот Виктор Лилчиќ, како и до прифатената покана и присуство на историчарот Михаил Патчев и археологот Паско Кузман, вели Симоноски.
Фотографии: Иван Босески