четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари протоколарна средба со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик

На средбата беше разговарано за унапредување на меѓусебната соработка во сферата на туризмот. Го информирав амбасадорот дека благодарение на двете сезонски авиолинии од Варшава и Катовице кон Охрид, значително е зголемен бројот на полските туристи во градот во текот на летната сезона. Се согласивме дека се потребни повеќе активности за поголема промоција на туристичките потенцијали на Охрид на полскиот туристички пазар.
Тема на средбата беше и соработката на полето на културата, особено во креирање на програмата на реномираниот фестивал „Охридско Лето“, во чии рамки годинава, на 22-ти јули ќе биде организирана „Полска вечер“ на која ќе настапат музичките уметници Емилија Гох Салвадор и Емануел Салвадор.
Исто така разговаравме и за потенцијалните можности за соработка помеѓу Охрид и одредени полски општини, со цел реализирање на заеднички проекти преку фондовите од Европската Унија.