четврток, ноември 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охрид преполн со странци, гостите презадоволни од гостопримливоста и храната – се играат и ора

Охрид ја живее најдобрата сезона по короната. За летување во „Балканскиот Ерусалим“ се бара кревет повеќе. Хотелските капацитети се исполнети, а и на шеталиштето тешко се одвива разминувањето со луѓето затоа што чаршијата е преполна со домашни и со странски туристи.

Освен македонските туристи од Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, низ градот често се среќаваат и туристи од Холандија, Англија, Норвешка, Шведска, Полска и Турција.

Странците воодушевени од госпопримливоста на Охриѓани, храната но и забавата. Оние „похрабрите“ дури и заиграа…

извор: Охрид 1