Црвен крст Охрид продолжува да реализира активности посветени на едукација за заштита од топлотен бран.
Во изминативе неколку дена, нашите волонтери им поделија вода и флаери со совети за заштита од топлотниот бран на членови на Здружението на пензионери, како и на повеќе граѓани кои ги сретнаа низ градот.
Исто така, дистрибуирани беа и материјали со препораки за заштита од топлото време коишто се наменети за матичните лекари.
Овие активности на Црвен крст Охрид ќе продолжат и во текот на следните денови.