Во текот на изминатите години постојано се наоѓаше буквално секаков вид на отпад во Охридското езеро. Од разни кади, тушеви, автомобилски гуми, цврст отпад, човековата суета нема буквално граница на толеранција во поглед на загадување на езерото.
Пред извесен период бевме сведоци лажни вести дека биле фрлени , односно пуштени и ајкули во езерото. Најново е дека граѓаните почнале да фрлаат и пари во езерото.
Неуморниот трагач и надгледувач на крајбрежјето на езерото Никола Паскали кој постојано е во чекор со брегот и езерското дно, во својата најнова објава низ фотографии покажува и на фрлени сто денари во езерото. Низ шега Паскали на својот ФБ профил напиша:
-Езерово ми викат оди пијај едно кафе и не се замарај.
foto FB