АктуелноОхрид

Во сабота трет меѓународен пливачки митинг „Охрид опен“

На 22.07.2023 на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на ПК „АКВАСПИРИТ“ од Охрид, ќе се одржи третото издание на Меѓународниот пливачки митинг „ОХРИД ОПЕН“ – 2023. Очекуван е настап на најдобрите домашни пливачи како и гости од соседството. Се очекува да настапат повеќе од 200 натпреварувачи. Пливачите ќе се натпреваруваат во 6 возрасни категории во машка и женска конкуренција. Митингот предвидува два натпреварувачки дела и тоа утрински 08:00-12:00 и попладневен 16:00-19:30 часот.

Почеток на настанот е 8 часот со расплив, 9:00 предвидено е свечено отварање и почеток на трките. Во вториот дел распливот е во 16:00 часот додека трките започнуваат во 17:00 часот. Пропозициите за настанот и резултатите може да ги погледнете на следниов линк: https://plivanje.info/ohrid-open-2023-mkd/

Доделувањето на медалите е сукцесивно помеѓу дисциплините, додека прогласувањето на најдобрите по возрасни категории и во апсолутна конкуренција е на крај од вториот дел т.е. во 19:00 часот.
Помагатели и спонзори на настанот се:
– Општина Охрид
– МАГНА Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ
– МАКТЕК ДООЕЛ Exsplosives&Construction
– СЕАВУС едукативен и развоен центар
– Супер Радио – Охрид
– ЈП „Билјанини извори“ – Охрид