Незапамтено невреме го погоди Охрид. Силен град го погоди поширокото подрачје на градот и предизвика штети врз хортикултурата и земјоделските насади.
Улиците буквално забелеа од зрната град кои паѓаа со големина на орев.
Големото невреме со пороен дожд, грмотевици и ветер ги зафати Охрид, Струга и Дебарца нешто пред 12 часот.
УХМР претходно предупреди дека се очекува нестабилно време со пороен дожд за кратко време, грмотевици, силен ветер и изолирана појава на град.
Засега нема информации за предизвикани штети.