Наш ИзборНаш изборОхрид

Средба на градоначалникот Пецаков со австрискиот амбасадор Вуцас

Денеска, остварив средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.
Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.
Го запознав амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира пред меѓународните фондови. Амбасадорот изрази поддршка на напорите за изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектите.
На средбата разговаравме и за актуелните политички случувања и за предизвиците на Република Македонија и Европската унија во целина, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.