АктуелноОхрид

(ЖИВО) Светата Архиерејска Литургија во Св. Еразмо на која чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Тимотеј

Почеток на Светата Архиерејска Литургија  на која чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Ангелите од Бога научени, со небесни песни те фалат и на подвизите твои се восхитуваат.
Следејќи ја небесната песна и ние што во твојот дом денес притекнуваме, безбројни пофалби ти принесуваме и со радосен глас кон тебе повикуваме:
– Радувај се, проповеднику на Христовата вера!
– Радувај се, изобличителу на нечестивата нарав!
-Радувај се, бестрашен поборнику на Вистината!
– Радувај се, севоспеван подвижнику!
– Радувај се, ревносен испоснику!
– Радувај се, богомудри учителу на православната вера!
-Радувај се, славо на градот Охрид!
-Радувај се, утехо на езерските краишта!
-Радувај се, Еразмо Охридски чудотворче!

извор: ФБ Свети Еразмо – Охридски Чудотворец