На 11.06.2023 во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на одигрување на фудбалски натпревар во младинска конкуренција, лице на (42) години од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.