На 11.06.2023 во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници затекнале 07 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-01, Струга-01, Кичево-05).
Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.