Парична казна ќе добијат два локала од Охрид каде што синоќа при контрола, полицијата затекнала 15 малолетници на кои им било овозможено присуство по 24 часот.
МВР објави дека до 2 часот по полноќ, полицијата ги „тресела“ угостителските објекти во Охрид и наишла на прекршувања.
По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.
МВР
Порталот www.ohrid1.com е локален електронски медиум, кој продуцира и објавува вести, интервјуа , стории, видео и аудио емисии поврзани со градот Охрид, но и Македонија и светот.
Покрај останатото, Ohrid1.com е познат по тоа што објавува ексклузивни вести и стории кои ги немаат другите медиуми.
© Copyright 2022 OHRID1.COM | IDEV.MK