Попладнево силно невреме пропратено со град, грмежи и многу дожд го зафати Љубаништа. Жителите велат дека вакво невреме не паметат. Тие додаваат дека причинета е огромна штета.
Инаку Од Центарот за управување со кризи предупредија дека попладнево се очекува локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
– Денес и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. И во Скопската Котлина денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од ЦУК.
Оттаму препорачуваат во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И познатиот сајт meteoalarm.mk. најави дека во текот на целата наредна седмица во Македонија продолжува МНОГУ НЕСТАБИЛНОТО време, со честа појава на локален попладневен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во Атмосферата, локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Тие додаваат дека за вистинско лето нема никаква најава, него напротив, после 10-ти јуни на повидок е ГОЛЕМ ПАД на температурите и интензивни врнежи, како и северен ветер. Температурите тогаш ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец јуни. Студениот бран ќе го зафати целиот Балкански Полуостров по 10-ти јуни.
видео: Ohrid1.com