На 02.06.2023 година во 17.10 часот, во ОВР Струга приведен е маж на (44) години од струшкото село Радолишта.
Тој претходно, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.