АктуелноОхрид

СВР со детали за тешката сообраќајка на патниот правец Кичево-Охрид, во која загина едно лице

На 31.05.2023 во 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат дукато“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 37 годишен жител од Вевчани и патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 60 годишен жител од селото Палатица, општина Желино. Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот и сопатничката во патничкото возсило, 47 годишниот од тетовското село Голема Речица се здобиле со тешки телесни повреди, додека 21 годишно лице од селото Голема Речица, сопатник во возилото „фолксваген“ се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

извор: СВР Охрид