АктуелноОхрид

По расправија охриѓанец се обидел да се качи на градежна машина со намера физички да нападне жител од Подмоље

На 31.05.2022 околу 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булевар „Железничка“ со улица „Абас Емин“ во Охрид настанала расправија помеѓу 52 годишен жител од Охрид и жител од село Подмољје, Притоа, според пријавеното, охриѓанецот се обидел да се качи на градежна машина со намера физички да го нападне другото лице, кој извршувал работни задачи, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: СВР Охрид