АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

39 медали ,од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзени медал за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од “Гран при Зворник 2023”

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, Благодарение на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ и Агенцијата за Млади и Спорт, изминатиов викенд на 27.05 2023, учествуваше на еден од најјаките и најпрестижни натпревари за оваа пролетна сезона , Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “ГРАН ПРИ Зворник 2023” , во БиХ. МТТФ зеде учество со 44 луѓе, од кои 33 натпреварувачи, 2 судии, 6 тренери и 3 официјални лица. Натпреварувачите беа од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга , Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ Косел Охрид, Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид, Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје, Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид

На овај престижен натпревар учествуваа околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји ширум Европа, од Србија, Словенија, Грција, Бугарија, Македонија, БиХ, Хрватска, Романија, Италија, Австрија, Унгарија, Чешка, Естонија, Украина и Велика Британија, каде сите ги имаа донесено своите најдобри поединци за тестирање за наредното светско првенство кое ќе се одржи крајот на август месец во Астана , Казакхстан. Како претседател на МТТФ сум пријатно изненаден од нашите натпреварувачи од сите клубови кои учествуваа, посебно изненадување беше од дебитантите кој имаа 8 години, Ѓорески Теодор од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, кој после две последователни победи , беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претсавникот од Украина, а истотака и Јосифоски Димитар од Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид освојувајќи сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Истотака сум презадоволен од тренерите, судиите и официјланите лица ,кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ, истотака се радувам што сите клубови се закитија со медали што покажува дека квалитетот кај сите оди во нагорна линија, и со тоа можеме да кажеме дека во иднина можеме да очекуваме повеќе врвни успеси. Наредниот викенд одиме во скратен состав на уште еден престижен А класa натпревар “Софија опен 2023”, а после тоа се припремаме за организирање Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “Охрид Опен 2023” по сите европски стандарди.
Вкупно освоени се 39 медали, од кои 10 златни, 8 сребрени и 21 бронзени медали.


Освоени медали по клубови
Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга
-3 златни, 2 бронзени
Таеквон-до ИТФ клуб ЧОНЏИ Косел Охрид
-1 сребрен, 1 бронзен
Таеквон-до клуб МАСТЕР Охрид
-2 златни ,2 бронзени
Таеквон-до клуб АХИЛИУС Скопје
-1 златен , 1 сребрен, 2 бронзени
Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид
-4 златни, 6 сребрени, 14 бронзени