АктуелноОхрид

Пецаков: Јас се вклучив во кампањата на Светскиот ден на мултипла склероза

Инспириран од симболот на знаковен јазик за зборот „заедно“, MS Heart е симбол на солидарност за сите погодени од мултипла склероза, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Во знак на поддршка на повеќе од 1500 лица во Македонија, кои се соочуваат со оваа хронична болест со илјада лица, јас се вклучив во кампањата на Светскиот ден на МС.
• Мултипла склероза е хронична, прогресивна, воспалителна, дегенеративна болест на централниот нервен систем и една од најчестите причини за инвалидитет кај младата работоспособна популација
• Симптоми на мултипла склероза: заматен вид, двојни слики, слабост и отежнато движење, нарушување на рамнотежата и вртоглавица, проблеми со говор и голтање, когнитивни и емотивни нарушувања и многу други
• Во Република Македонија живеат повеќе од 1500 лица со мултипла склероза, а секоја година се дијагностицираат околу 90 – 120 нови лица
• Повеќето лица со мултипла склероза се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 годишна возраст, односно во најпродуктивните години од животот.

извор: ФБ Кирил Пецаков