АктуелноОхрид

Во предворјето на Св.Софија пречекани младите ликовни уметници од „Мал битолски Монмартр“ од страна на заменик градоначалникот Божиновски

Во предворјето на црквата ,,Света Софија” како заменик-градоначалник на Општина Охрид гостољубиво ги пречекав над 120-те млади ликовни уметници и ликовни педагози учесници на 42. Меѓународна детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, организирана од страна на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” од Битола.
Ми беше чест да се обратам пред многуте уметнички души и на најуспешните им ги доделив дипломите за најубави уметнички слики на денот.
Младите уметници од 22 земји во светот, со своите штафелаи, четки и палети и пред сè, со својот уметнички талент и младешки творечки дух, го красеа Охрид пренесувајќи ги на сликарско платно архитектонските и природните убавини на градот секој преку својата лична естетска перцепција.
Општина Охрид дава поддршка и ги негува културата и уметноста претставувајќи ги Охрид и Македонија како ризница на културни настани и привлечни туристички места, напиша во својата објава на ФБ заменик градоначалникот Божиновски.